« Home | Будала »

Среќа

Седејќи во паркот набрзина го одвитка купчето во неговиот скут, завиткано во евтина бакалска хартија. Веднаш го заудри јакиот мирис на сирењето. Го зеде средно големото грутче во десната рака и го погледна. Бело и убаво, му се виде дека тоа му се насмевнува па и тој му возврати со насмевка.

Со два прста чепна мала ронка и ја вкуси. Срцето му заигра од возбуда а играта на рончето сирење по неговите сетилни клетки му се причини како да трае една цела прекрасна вечност. Голтна......па воздивна длабоко. Таман се спреми да го прими во себе остатокот од постоењето на средно големото грутче сирење, пред него, сосема ненадејно, се појави неговата другарка од соседната клупа.

Го гледаше со неизмерна желба, де него, де миризливото сирење, а рацете срамежливо и стоеа стуткани позади грбот. Се потргна во лево и и направи место да седне. Таа седна до него и ја мушна раката во џебот од неговиот тенок капут. Го подели сирењето на два еднакви дела и сосема задоволен едната половина и ја подари неа.

Јадеа дур гледаа како паѓаат последните есенски лисја. Зимата доаѓаше. Воздухот веќе мирисаше на снег и на големи студови. Во тој момент, тие двајца, чуствуваа дека се најсреќните луѓе на Светот.

.......а имаа толку малку причини за тоа.

:) ubavo e

definitivno cool,
milo mi e sto te fativ da te citam od pocetok...

thanx :) Би требало да има многу од каде што се појави ова и.....навистина ми е многу мило што се наоѓа по некој да прочита...........

редовно! свежо и просветлувачки..

ае, keep on this track.. идеш у букмаркс :)

фин е блогов, се надевам ќе го развиеш подобро... драго ми е што некои од новите блогови се actually good:)

Поздрав..

п.с. мојот блог не е за приказни...
смени го линкот, битте.

oops sorry...
веќе е променето.....

:)

фала ти :hug:

Објави коментар